Тигар избеган од поплавената зоолошка во Тбилиси уби човек


Властите во грузискиот главен град Тбилиси денеска застрелаа избеган тигар, кој нападна и уби маж, пренесува ТАСС, повикувајќи се на грузиското МВР.

Според грузиските медиуми, тигарот претходно повредил уште еден човек.tigar-roj

Избеганиот тигар од поплавената зоолошка во Тбилиси се криел во напуштена фабрика, претворена во магацин. Тигарот го нападнал човекот во близина на зоолошката градина, по што мажот починал од добиените повреди.

Тигарот е убиен во специјална операција на локалните власти. Регионот околу местото на трагичниот инцидент е затворено од полицијата и локалните власти на Тбилиси.

Во поплавите за време на викендот во Тбилиси животот го загубија 17 лица, а петмина се водат за исчезнати. Најтешко погодена беше територијата околу реката Вере, каде се наоѓа и зоолошката. По несреќата голем број животни беа излезени на слобода. Пред несреќата во зоолошката живееле осум лавови, седум тигри и три јагуари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1