3 жени им се приклучиле на терористите, а со себе зеле и 9 малолетни деца


Три сестри, муслиманки од Братфорд во Велика Британија, заедно со нивните девет деца, се водат како исчезнати, но се стравува дека тие тајно пребегнале преку Турција на територијата што во Сирија и Ирак ја контролираат џихадистите на Исламска држава (ИД).

Мажите на две од нив денеска упатија апел преку британските медиуми да им се помогне да дознаат каде се „исчезнати“ нивните сопруги и деца.uk-family-photo-exlarge-169

Едниот од нив, Ахтар Икбал, татко на пет од децата, кои неколку денови не се со него, во изјава за „Индепендент“ тврди дека не знае каде е неговата сопруга и јавно апелира таа и децата да се вратат дома.

Британската полиција покрена меѓународна потрага по исчезнатите жени, но засега нема прецизно сознание каде се наоѓаат.

Полицијата претпоставува дека две од жените, земајќи ги децата со себе, заминале за Турција, каде ги чекала третата сестра, која била таму со своите деца. Од таму, сите три илегално ја преминале границата за да им се приклучат на џихадистите, каде веќе се наоѓа нивниот брат, кој војува на страната на Исламска држава.

Ова е најнов случај во Велика Британија на бегство во редовите на џихадистите на млади луѓе и прв случај кога „симпатизерите“ на ИД со себе ги одвеле и своите малолетни деца.

Како и во претходниот случај, со најмладиот досега бомбаш-самоубиец од Велика Британија, и овие бегалци се од поширокиот реон на Лидс, Лестер и Брадфорд и на англиската област Јоркшир, од каде засега има најмногу млади задоени со екстремизмот и радикалниот ислам.

Лондонските медиуми кои посветуваат големо внимание на овој случај прашуваат што е тоа што тера толку многу млади британски муслимани да се определат кон екстремниот, наместо кон умерениот ислам.

Според Усана Хасан, од една исламска тинк-танк организација, причините треба да се бараат во судирот на „оние“ кои преку муслиманските телевизиски канали го заговараат радикализмот и „другите“, кои засега ја губат битката со религиозниот конзервативизам.

Хасан смета дека многу од младите муслимани, посебно жените и девојките, се чувствуваат изолирани во британското општество, па заминувањето во ИД за нив не е одењето во војна, туку „исполнување религиозна обврска“.

Раководителот на организацијата Муслимански Форум, Манзур Могал, ги обвинува родителите и семејствата за радикализацијата на младите.

– Треба да престанеме да ги обвинуваме другите за тоа и вината да ја бараме кај себе – вели Могал.

Тој смета дека ако семејството и родителите не знаат што се случува со нивните синови и ќерки, тогаш зашто би требало тоа да го знаат полицијата, училиштата и општетството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1