Состојки:
3 банани
2 јајца
3 лажици путер
½ лажичка ванила
Малку масло за печење палачинки
Подготовка:
- Изгмечете ги бананите во сад. Додадете јајца, омекнат путер и екстракт од ванила. Мешајте додека не добиете глатка смеса.
- Ставете масло во тава и загреете го на средна температура.
- Со кутлача ставајте од смесата во тавата и печете ги палачинките. Кога ќе се појават меурчиња на површината, свртете ја палачинката и печете од другата страна. Готовите палачинки сервирајте ги со прелив или со свежо овошје, по желба.