Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и со ретки грмежи.
Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец. Долж Повардарието повремено ќе се засилува, но со посмален интензитет.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 28 степени.
До крајот на неделава ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. Поизразена нестабилност се очекува в недела.
Од почетокот на наредната недела се очекува претежно стабилно и потопло време.