Еден погрешен чекор во оваа работа и може да се случи катастрофа во кој животот би го загубиле неколку стотици или илјада луѓе. Станува збор за контролата на летање на аеродромите ширум светот. Поради сложеноста, но и опасноста која и најситната грешка би можела да ја предизвика, оваа работа според законот може да се работи само 90 минути одеднаш, после што контролорите мора да земат пауза од 30 минути.
Смената трае од шест до девет часа. Овој начин на работа на контролорите им помага да се фокусираат на задачата на насочувањето на голем број авиони што е можно побрзо, односно и до 42 полетувања по час.
– Тука е притисокот, но не и стресот. Мислам дека на повеќето им се допаѓа притисокот – рекол Џејсон Купер кој ја води „Ред воч“ (Red Watch), една од трите групи на контролори на летови кој ги надгледува летовите на лондонскиот аеродром „Хитроу“.
Авионските превозници чекаат во ред за полетување, а на небото секогаш има полно авиони кои чекаат да слетаат. Работата на контролорот е тоа чекање да го намали на минимум, а за тоа е потребен интензивен фокус и голем број различни апарати. На контролорите им е потребна визуелна потврда на секое полетување и слетување, а само на радарите и радиските врски се потпираат кога видливоста е слаба поради лоштото време. Поради тоа 87 метри над „Хитроу“ се наоѓа кула која пружа извореден поглед преку неколку километри рамен терен. Аеродромот „Хитроу“ годишно прима 19 милиони патници, што е повеќе од кој било друг аеродром.