Колку ќе чини?: Стапи на сила владината одлука за едномесечен зелен картон


Граѓаните кои планираат да патуваат во странство, од денеска ќе можат да извадат едномесечен зелен картон.

Стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон. Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над 66 киловати.zelena karta kola

Од осигурителните компании оценуваат дека оваа промена ќе биде добра можност за граѓаните, а ќе влијае и врз раст на бизнисот.

Со оваа одлука граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци ќе можат да остварат значителни заштеди.

Едномесечниот зелен картон е добредојден за време на туристичката сезона. Ова ќе им биде од полза на лицата кои најчесто патуваат во странство еднаш годишно, и тоа за време на годишните одмори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1