Мистериозна инфекција усмрти две лица во Србија, а уште четворица се инфицирани.
Како што пишуваат српските медиуми, инфекција која до сега е непозната усмрти две лица, а уште четворица се инфицирани.
Во првичните анализи, докторите, ја пронашле бактеријата клостридија, а потоа и бактеријата ентерококус.
Сите пациенти кои ја имаат оваа инфекција, најчесто се хронично болни, а сиптомите се висока температура и лоша крвна слика, воспаление на можата и поткожните ткива во вид на пликови. Инфекцијата се пренесува најчесто во нечисти услови.
За среќа нема нови случаи на зараза, а примероци од инфекцијата се испратени во Берлин и Бохум.