Груевски: Кризата беше долго планирана, но го потценија народот


Не може да се случи обид за рушење на системот на државата да не биде казнет од народот. Затоа што народот е оваа држава. Државата не се политичарите, рече во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 25-годишнината од основањето на партијата.vmro rodenden6

– До домашните петоколонаши сакам да порачам, дека нивните игри, шпиунски методи, нивните антидржавни делувања, има народ во ова земја кој ќе ги спречи и на кои ќе им се спротистави… Тоа мора да се покаже ако сакаме да бидеме ценети секаде…. Да се покаже дека неможе да се случи вака крупна игра во државата со цел рушење на системот, да помине, а народот тоа да не го казни. Затоа што народот е оваа држава. Не е државата ни Заев, ни Груевски ни никој поединечен политичар, истакна Груевски.

Оваа криза, според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, може да ја разреши само народот со својот збор и со својата поддршка во присуство на претставници на ОБСЕ, кои колку се повече толку, како што рече подобро за државата.

– Оваа криза не дојде случајно.Таа била долго планирана и подготвувана. Но таа така беше искреирана што во себе имаше една фабричка маана, го потцени народот неговиот капацитет за расудување, и неговата волја. Не може на сила да се наметнуваат решенија со кои не се согласува мнозинството на народот, и тоа народот ќе го каже јасно и недвосмислено, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1