Моето лично мислење е дека името на земјата зависи од народот на земјата и таа одлука се носи од народот на земјата, а не од некоја друга земја, вклучувајќи ја и Грција, нагласи американскиот сенатор Џон Меккејн, одговарајќи на прашањето на известувачот на МИА од ГЛОБСЕЦ 2015 во Братислава дали Република Македонија треба да добие покана за членство во НАТО заедно со Црна Гора на самитот во Варшава со оглед на тоа што ги исполнува сите критериуми, а единствена пречка е прашањето за името.