Увозните праски и јаболка полни со пестициди кои предизвикуваат рак


Размислете пред да посегнете по некое овошје или зеленчук, бидејќи според најновото истражување спроведено од американското непрофитно еколошко здружение EWG (Environmental Working Group), јаболката има најголем број на пестициди, кои го зголемуваат ризикот од развивање на рак. По јаболката, плодови со голем број на пестициди се праските, јагодите, грозјето, целерот, спанаќот и слатката пиперка. Особено е загрижувачки податокот дека остатоците од пестициди не може да се извадат ни со темелно миење.jabolki

– Повеќето развиени земјоделци користат одредени хемикалии, но многу е важно да се користат само дозволените пестициди, смета нутриционистот Будимка Новаковиќ.

Во конвенционалните методи за одгледување на овошје и зеленчук се користат стотици пестициди за да се уништат штетните паразити и да се зголеми плодот. Сепак, научниците откриле преголемо количество на пестициди кои можат да го зголемат ризикот од рак.

– Дефинитивно постои врска меѓу пестицидите и канцерогените агенси, но во која мерка овие хемикалии влијаат врз создавањето на карцином, се уште не е утврдено. Сигурно е дека пестицидите кои се наоѓаат во храната во извесна мерка влијаат за развој на рак, смета Слободан Чикариќ, онколог и претседател на српското друштво за борба против ракот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1