„Мамо каде си? Каде е мајка ми? Донесете ми ја во соба. Каде е баба? Не е фер по другите деца да доаѓаат нивните мајки, а мојата по мене не“.
Малата Лана, осумгодишното девојченце кое ја загуби мајка си во страшната автобуска несреќа која се случи вчера, се уште не знае дека мајка и починала, па постојано ја довикува да дојде по неа во болничката соба.
Осумгодишната Лана ја викала својата 35-годишна мајка Драгана која за жал го загуби животот во несреќата. Во несреќата со повреди се здобија уште 80 лица, меѓу кои и Лана. Несреќните луѓе се враќале од одмор кој го поминале во Полихроно, Грција.
Возачот на автобусот, 43-годишниот Зоран Стојановиќ, најверојатно задремал, загубил контрола и така удрил во камион.
– Почуствував страшен удар, а потоа децата во автобусот почнаа да плачат. Беше ужасно, вели извор за српскиот Блиц.
– Секаде околу нас имаше стакла од прозорците. Беше страшно, уште ги слушам плачот и врисоците, кога ќе се присетам ме лазат морници по телото, вели друг сведок за Блиц.
Набрзо на местото на несреќата пристигнале пожарникари, лекари и полицајци и помогнале на луѓето да излезат од автобусот.