Две дечиња, наводно се распнати бидејќи не постеле за време на светиот месец Рамазан, пишува британски „Independent“.Се верува дека децата биле помлади од 18 години,а убиени се во Сирија. Нивните тела биле покриени со плакати кои го објасниле нивниот „злостор“.
Нивната смрт ја пријавил, вчера, Опсерваториумот за човекови права, додека основачот на организацијата Рами Абдел Рахман изјавил дека телата на децата виселе од греда во близина на таканаречената религиско – полициска управа на Исламската држава.
„Наводно, ги фатиле како јадат. Знаковите обесени на нивните вратови потврдуваат дека тие го прекршиле рамазанскиот пост без „религиско оправдување“ изјавил Рахман за АФП. Според Британското муслиманско собрание, за време на постите, муслиманите мораат да се воздржуваат од конзумирање храна, вода и сексуални односи (во текот на цел Рамазан) од зора до приквечер, кога можат да конзумираат храна и пјалоци. Сепак, тоа правило не се однесува на деца, трудници, болни, стари луѓе или оние кои патуваат.
Ова не е првпат од страна на ИСИС да се убиени или распнати деца. Во февруари се забележани неколку случаи за обезглавување, распнување и закопување живи деца.