Научниците од Брејкрест институтот за истражување на здравјето откриле дека нашиот мозок минува низ одредени промени во моментот кога ќе сфатиме дека нашиот живот би можел набрзо да заврши. Тимот научници спровел тестови врз луѓе кои преживеале авионска несреќа и за малку ја избегнале смртта.Во истражувањето учествувале лица кои во август 2001 година се нашле во авионот на канадската авио-компанија Ер трансат. За време на летот авионот слетал на еден од Азорските Острови за да избегне слетување во океанот.
Резултатите покажале дека еден таков настан може да ја засили меморијата и да ја искриви перцепцијата, а овој ефект може да трае со години по несреќата. Без оглед на тоа што од несреќата минале речиис 15 години, настаните биле живо врежани во сеќавањата на анкетираните без оглед на тоа дали имале посттрауматско нарушување или не.
Тие биле подложени и на магнетна резонанца за време на прикажувањето на три снимки на кои била реконструирана авионска несреќа, бил прикажан терористичкиот напад изведен на 11 септември 2001 година, и еден неутрален настан.
За време на гледањето на видео снимката со авионската несреќа сите анкетирани патници се сетиле на огромно количество детали околу преживеаното искуство, а во тој момент била зебележана и засилена активност во делот на мозокот поврзан со емоционалната меморија, вклучувајќи ги амигдалата и хипокампусот.
Истото се случило и за време на гледањето на снимјата од терористичкиот напад кој се случил само три недели по авионската несреќа, а засилената активност не била регистрирана за време на гледањето на неутралната снимка.
Овој одложен ефект укажува дека траумата може да го промени начинот на кој нашиот мозок ги обработува новите информации. Имено, многу е веројатно дека по критичен настан почувствително ќе реагираме на други негативни животни искуства.
„Овие трауматични настани и денес ги прогонуваат патниците“, изјавила Даниела Паломбо, лидерка на истражувањето.