Се формира нова држава на Балканот: Опфаќа делови од Србија и Црна Гора?


Се формира нова држава на Балканот, која опфаќа делови од Србија и Црна Гора! Зад оваа петиција стои група од бошњачки невладини организации, а според нивната идеја овој регион ги опфаќа градовите Нови Пазар, Тутин, Нова Варош, Прибој, Пријепоље, Сјеница, Рожаје, Пљевља, Бјело Поље, Беране и Плав.karta balkan

Политичкиот аналитичар Бранко Радун за “Наше новине” изјавил дека ова е лицемерна иницијатива бидејќи Бошњаците го поддржувале одвојувањето на Црна Гора од Србија, па со самото тоа и нивното одвојување во две држави.

– Мислам дека тука не се работи само за економска соработка, туку некој веќе се обидува да доие поени во рамките на бошњачкото политичко тело, вели тој.

Еден од иницијаторите на овој проект Заим Челебиќ вели за порталот “Рожаје фри прес” дека дека формирањето на овој регион придонел кон формирање на поволен деловен амбиент и би се отвориле можности за директни апликации кон фондовите на ЕУ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1