Имав секс во креветот на Цеца Ражнатовиќ!


Новосадската старлета Наташа Шавија не ги заведува само фудбалските репрезентативци туку „канџите“ ги насочува и кон наследниците на естрадните ѕвезди. Таа, пред влегувањето во реалното шоу „Парови“, била во врска со Вељко, синот на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, пишува српски „Курир“.

Шавија се пофалила дека со Вељко била два месеци, во текот на кои уживале во неговата вила, и дека со него спиела во креветот на популарната пејачка.starleta veljko

– Имав секс со Вељко во креветот на Цеца – им се пофалила старлетата на пријателите.

Таа за оваа врска во реалното шоу се уште не раскажувала, бидејќи главна тема и се фудбалерите, но на надворешниот свет добро им е познато дека се запознале на Копаоник каде се сплеткале.

„Во јануари годинава бевме на Копаоник, а таа штом слушна дека тука е и Вељко, го молеше пријателот да ги запознае. Трчаше околу него постојано сè додека не успеа да го заведе. Откако се вратија во Белград, раскинаа. Вељко се сплетка со нејзината другарка Ирена Шуќур, поради што Шавија полуде, па одлучи да го врати и во тоа успеа. Но, не останаа  долго време заедно – открива извор за „Курир“, и додава:

„Шавија беше многу вљубена во Вељко, а особено поради фактот што ѝ е син на Цеца. Доаѓаше кај него дома, но само кога Цеца не беше таму. Се запозна и со Анастасија, но со неа немаше претерана комуникација. Таа не сакаше да се дружи со Шавија бидејќи слушнала со кого сè била. По два месеци Вељко ја остави, а Шавија подоцна се фалеше дека Цеца е прекрасна и дека ја прифатила како снаа, но сите знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи пејачката никогаш ја немаше видено, а не, пак, запознаено – завршува изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1