Тие советуваат направите дупка на врвот од вратата и во неа да сокриете своевидна капсула со пари и други вредни предмети или податоци. Речиси на никој криминалец не би му паднало на памет да го проверува баш секој центиметар од куќата која сака да ја ограби, а ниту сопствениците на куќата веројатно не обрнале внимание на тој мал простор на вратата.
Уште еден нивен предлог е да ги сокриете парите во празната железна кутија на ѕидот.
Постојат уште места во куќата во кои може да сокриете нешто вредно. “Lifehacker” носи цела листа со такви локации, а една од нив е замрзнувачот. Парите или другите вредни предмети замотајте ги со алуминиумска фолија и сокријте ги во замрзнувачот. Мала е веројатноста дека крадците ќе заклучат дека во замрзнувачот чувате нешто вредно и ќе почнат да копаат во него (освен ако не се гладни и сакаат да стоплат нешто за јадење).