Три годишно дете дува лепак, осум годишно е на шприц. За две години тројца малколетни зависници починле. Фрапантно, децата употребуваат дрога а сеуште не знаат за себе. Невладината ХОПС контактирала со 76 завсиници од наркотици, но бројката е многу поголема.
Официјална статистика колку деца користат дрога, нема. Од регистрираните, најголем дел се деца на улица, питачи, деца од родители наркомани или од дисфинкционални семејства. Државата сеуште нема системско решение за надминување на овој проблем.
Загружувачки се и податоците во средните училишта . Од последната анкета направена врз 1146 ученици релчиси една четвртина пробале некаков наркотик.
Денеска се одбележува интернационалниот ден на Обединетите нации за борба против употребата на дроги. 18 невладини организации побара поголем третман од државата и грижа за оваа категорија зависници.
Sitel.mk