Стоп за пијаните возачи: Вози трезен – Стигни жив


Масовната кампања насловена “Вози трезен стигни жив” која од неодамна започна да се спроведува, има за цел директно да влијае на младите возачи кои ги управуваат своите возила во алкохолизирана состојба и на тој начин ги загрозуваат животите на сите учесници во сообраќајот. Еве неколку факти, со кои би сакале да ве потсетиме зошто возењето автомобил во алкохолизирана состојба влијае лошо за Вас, и за сите учесници во сообраќајот.

Најпрво, од здравствен аспект: Важно да се напомене дека алкохолот ги забавува функциите, најсилно дејство има на централниот нервен систем и на мускулатурата, ги затапува сетилата, а најопасно е што може да предизвика влијание на центарот за дишење, поради што може да предизвика дури и смрт. Алкохолот исто така ја намалува и способноста за фокусирање и концентрација.al.jpg500

Доведува до предизвикување на сообраќајни незгоди: Со полнолетството повеќето тинејџери стекнуваат и дозвола за управување со моторно возило. Сепак, младите возачи често забораваат дека алкохолот влијае на способноста за реагирање и ориентација, па си дозволуваат да возат под дејство на алкохол. Резултатот може да биде сообраќајна незгода, која може да им наштети ним и на нивните сопатници. Само една чашка алкохолен пијалак ја зголемува можноста возачот да биде учесник во фатална несреќа. Се проценува дека една чаша виски или ликер, ја зголемува содржината на алкохол во крвта до таа мерка што двојно влијае на зголемување на ризикот за предизвикување на фатална несреќа и тоа само со едно визоло како учесник во сообраќајот, и покрај тоа што се случува алкохолот во крвта да е во граница на законски дозволеното.

Поттикнува желба за брзо и асгресивно однесување во сообраќајот: Алкохолот го зголемува андреналинот во вас и ве прави да се чустувувате силно и бесмртно. Алкохолот влијае за создавање на лажна перцепција и лажна сигурност која го наведува возачот под дејство на алкохол, педалата за гас да ја притиска докрај и често можеме да слушнеме како брзото возење била причината за сообраќајна несреќа, но зад брзото возење исто така, често стои и алкохолот како причина за таквиот начин наоднесување во сообраќајот.

Што треба да знаат возачите:

Не смее да управува моторно возиоло под дејство на алкохол, односно нула толеранција за алкохол за:

– Возач почетник

– Возач на моторно возило кој управува возило од категоријата Б+Е, Ц, Ц+Е, Д и Д+Е

– Возачите кои управувањето со возилото им е занимање, додека го вршат тоа занимање

– Возачите инстуктори за време додека вршат оспособување на кандидати за возачи1al.jpg500

Можни финансиски загуби и други негативни импликации за возачот:

– Сукоб со полицијата, можно приведување до полициска станица и задржување до отрезнување, поднесување на прекршочна пријава при што во судска постапка во зависност од количината на алкохол во крвта ќе му се изрече глоба од 200 до 500 евра, покрај паричната глоба на возачот му се изрекува и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило во траење од 3 до 12 месеци.

Затоа не возете автомобил под дејство на алкохол. Пред да седнете позади воланот, размилете дали вреди да го жртвувате вашиот живот и животот на другите учесници во сообраќајот возејќи во алкохолизирана состојба. Секогаш постои опција да повикате такси и безбедно да стигнете до вашиот дом.

Стоп за пијаните возачи: Вози трезен – Стигни жив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1