Беше со мене, седевме во дворот и сè беше сосема нормално. Не знаевме што планира.
Вака вујкото на 23-годишниот терорист Сеифедин Резгуи кој уби 39 лица во туниското летувалиште Сус, ги објаснил последните мигови со својот внук, пред тој да замине на дивјачки убиствен поход.
Само неколку часа пред да тргне во убиствениот поход, Резгуи бил дома и разговарал со својот вујко за животот и студиите.
-Беше со мене, седевме во дворот и сè беше сосема нормално. Немавме поим што планирал, рекол неговиот вујко, 71-годишниот Али Бин Мухамад Резгуи.
Вујкото за Резгуи рекол дека бил слатко момче кое порано се занимавало со брејк-денс и обожувало фудбал. На неговата Фејсбук страна, имал неколку објави за Реал Мадрид и за фудбалската репрезентација на Тунис.
Соседите го опишале како мирно и добро момче, но претпоставуваат дека можеби сиромаштијата го навела да се одлучи на страшниот чин. Таткото на Резгуи бил приведен од полицијата на испрашување.
Министерството за внатрешни работи на Тунис, го немало Резгуи во својата евиденција, а само еднаш бил сопрен поради пушење на марихуана.
Од друга страна пак, медиумите пренеле информација од неименуван извор од министерството, дека Резгуи бил активен член на радикалната група “Исламска младина”.
Резгуи студирал воздухопловство на локалниот универзитет и живеел заедно со уште четири момчиња кои исто така биле студенти.
Моменти пред масакрот бил снимен на плажа Скај њуз вчера објави ексклузивни снимки од убиецот како оди по плажата со калашников во рака, неколку минути пред да го започне крвавиот поход.
Неколку минути подоцна отворил оган на туристите на плажата и хотелот.