Судскиот случај „Ровер“, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, ќе се суди по трет пат, бидејќи како што дознава „Фокус“, Апелациониот суд повторно ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење.
Како што дознав Фокус Апелација донела одлука и да се укине притворот за обвинетите, за што веќе била информирана затворската служба, што значи дека утре, по три години поминати зад решетки, на слобода ќе излезат Зоран Трајковски, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, кои беа во притвор, а мерката домашен притвор ќе биде укината за Гоце Митревски. Бошкоски, и понатаму останува зад решетки, бидејќи одлежува правосилна казна за случајот „Кампања“. Тој за овој случај доби петгодишна казна затвор, а му останува уште една година.
Адвокатите на обвинетите се уште не ја добиле одлуката на Апелација, но неофицијално потврдуваат дека и тие ја слушнале позитивната вест.