Хаос во Атина и Солун: Се судрија полицијата и демонстрантите, се палат знамиња на ЕУ (ФОТО+ВИДЕО)


Судири меѓу полицијата и демонстрантите избувна денеска во центарот на Атина, каде се одржува митинг на приврзаници на гласањето со „не“ на референдумот во недела, јави БТА. Полицијата употреби шок бомби.Screenshot_130

Во судирите учествувале неколку десетици лица, од кои многумина биле со заштитни шлемови на главите. Ситуацијата набрзо се смирила.

Една група демонстранти повикувала на референдумот во недела да се гласа „не“, односно против предлогот на странските кредитори, друга група поддржувачи на Европската Унија барале да се гласа „да“ за предлозите, а имало и такви кои ги повикувале Грците да останат неопределени.greece1

Илјадници поддржувачи на Комунистичката партија (ККЕ) демонстрирале на плоштадот Синтагма во Атина, пред парламентот, повикувајќи ги гласачите да не се изјаснуваат на референдумот во недела.

Едно европско знаме било запалено пред претставништвото на Европската комсија во Атина, јавува Франс прес.

Во Солун околу 4.000 поддржувачи на гласањето „да“, предводени од градоначалникот Јанис Бутарис излегле синоќа на улиците да ги повикаат граѓаните да се изјаснат „за Европа“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1