Кој е новиот грчки министер за финансии кој треба да ја спаси земјата?


Евклидис Цакалотос кој беше шеф на грчкиот тим за преговори со кредиторите денеска беше назначен за нов министер за финансии на местото на Јанис Варуфакис кој поднесе оставка, јави грчката телевизија „Скај“.

Назначувањето на Цакалотос беше објавено по крајот на средбата на лидерите на политичките партии во парламентот која траеше седум часа.637597_euklid-cakalotos-foto-tanjug-ap-3_f

Цакалотос претходно бил заменик министер за надворешни работи одговорен за меѓународните економски односи.

Ова не е првпат Цакалотос да го менува Варуфакис. Тој беше поставен за главен преговарач со меѓународните кредитори на крајот на април кога владата на Сириза го замени Варуфакис. На маргините на преговорите поранешниот грчки министер за финансии најчесто бил оценуван како „невозможен“ за преговарање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1