Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај трговскиот центар „Зебра“ во центарот на Скопје.
Несреќата се случи во 20 часот и 22 минути на улицата „Васил Ѓоргов“ во населбата Капиштец, а едно женско лице е загинато, соопштија од полицијата.
Според првичните информации девојката стоела кај пешачкиот премин спроти хотелот „Квин“, а возачот на автомобилот „опел корса“ најверојатно изгубил контрола врз возилото и удрил право во неа, по што влетал во излог на еден од дуќаните кои се наоѓаат во околните згради.
Од силината на ударот девојката починала на лице место, а според очевитци станува збор за девојка на возраст од околу 25 години.
Возачот кој најверојатно се движел со преголема брзина е пренесен во болница.
Случајните минувачи притрчале да и помогнат на девојката , но по само неколку минути , веќе не давала знаци на живот. Возачот и неговата сопатничка поминале без повреди , а според очевидците тој бил однесен на токсикологија под претпоставка дека возел во алкохолизирана состојба и немал воопшто контрола над возилото.