„Дојдов дома за да ги чекам моите деца, но ме затекна грозоморна слика. Локви крв, мајка ми мртва а сестра ми молеше за помош“. Вака го започна сведочењето Данче Леова сопругата на трикратниот убиец од Кавадарци Тони Станоев. Неделното ноемвриско попладне во кое Тони требало да ги врати своите деца во домот на разведената сопруга заврши со тојца мртви, нејзините родители Билјана и Илија Леови и сестрата Снежана.
Станоев пред судот го призна убиството, ама рече дека се кае. Раскажа дека никогаш немал намера да стори такво нешто иако сакал да ги отргне децата од роднините на сопругата. Пиштолот го носел постојано со себе оти работел како обезбедување.
Според сведочењето на сопругата пак тој одамна се заканувал дека ќе ги убие сите, а неодговорно се однесувал и кон децата.
Лани на 9 ти ноември се случи трократното убиство во Кавадарци. Обвинетиот избега а по три дена беше пронајден на грдските гробишта. Според доказите одамна бил пријавуван за семејно насилство, но институциите ништо не сториле да ги заштитат жртвите. Поради овој случај полицајци и социјални работници беа условно осудени оти не му го одземале оружјето со кое подоцна тој го изврши убиството.