Поскапе се во Грција


Многу производи и услуги во Грција ќе бидат поскапи бидејќи ДДВ-то се искачи од 13 на 23 отсто.

Ова е последица на договорот на Грција со кредиторите од Еврозоната, а за спас на земјата од економскиот колапс.ulica-ermou-grcija-01

Како што јавија грчките медиуми, поскапуваат услугите во хотелите, во рестораните, потоа услугите во јавниот превоз, превозот со такси возилата, а нови и покачени цени ќе има и на услугите во авионскиот и бродскиот превоз. Промени на цените нема да има на најголем дел од прехрамбените производи, комуналните услуги, како и во цените на социјалните и погребалните услуги.

Зголемување на ДДВ -то е една од мерките од пакетот кој деновиве беше изгласан од грчките пратеници како услов земјата да добие финансиска помош од 86 милијарди евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1