Не пукале терористи во Липково денеска – Ловџии ја почнале сезоната и кренале паника


Министерството за внатрешни работи ги негираше информациите дека имало антитеористичка акција во Слупчане и Ваксинце, а идентична потврда има и на социјалните мрежи од жителите на овој регион.

Портпаролот на МВР Иво Котевски за „Република“ изјави дека нема никаква акција во тој регион.gosince2

„Министерството за внатрешна политика, чиј портпарол сум јас, утринава не спроведува никаква антитерористичка акција“, вели Иво Котевски.

Порталот „Кумановски муабети“ пренесува шпекулации кои кружат  по социјалните мрежи во врска со пукотниците дека се работи за отварање на ловна сезона, односно, бркотница со дивокрадци.

Инаку, пукањето во Куманово како и во Липковскиот регион за време на свадбените веселби не престана во текот на летото, па не е исклучена можноста, ова утро да се работи за таков вид на истрели, пишува кумановскиот протал.

Дел од медиумите објавија дека во сабота во 6:30 започнала акција на МВР за разбивање на добро вооружена терористичка група која била стационирана во реонот на Слупчане и Ваксинце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1