Прогнози за претстојната зима: Балканците ќе молат за снег


Американските метеоролози и стручњаци за климатските промени најавија големо влијание на бранот Ел Нињо на пошироко подрачје на планетата, додека балканските метеоролози тврдат дека ќе се почувствуваат само индиректни последици.

Според американците, Ел Нињо ќе биде многу поопасен од тој во 1997 година, кога над 23 илјади лица загинаа и беше предизвикана материјална штета од 45 милијарди.ladno2

Ел Нињо е голема природна непогода предизвикана од климатските промени и прекумерното затоплување на морињата и на океаните особено на подрачјето на источен Пацифик.

На европски терен, најблиска земја до Балканот што може директно да биде погодена е Велика Британија, каде што се очекува изразито студена зима. На југоистокот на континентот, пак, според локалните метеоролози, Балканот зимскиот период ќе помине без сурова студ.

– Зимата ќе биде поубава и потопла од минатогодишната и проследена со дефицит од снежни врнежи – истакнуваат стручњаците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1