Тврдењата на деветгодишното дете на кое родителите не му верувале дека го следат вонземјани, се покажале како точни.
Деветгодишното дете неколку пати на своите родители им спомнало дека со денови го следат и снимаат вонземјани, а откако ги снимил со камера, родителите се загрижиле.
Снимките на кои е прикажано НЛО на небото пред собата на детето, кое во еден момент мирно лебди, а потоа во неколку секунди исчезнува, родители ги испратиле до “експертите“ на анализа.
После неколку анализи, експертите потврдиле дека станува збор за неидентификуван летачки објект кој го снимал детето со цел да го киднапира, пишува „Мирор“.
„Изгледа како објектот да е видлив за децата, а невидлив за родителите. Овој случај отвора бројни прашања како и претпоставки, за тоа дали станува збор за планирано киднапирање“ – изјавил еден од експертите коментирајќи го видеото.
Додека меѓу родителите се вовлекол стравот, многу критичари тврдат дека снимката не може да биде доказ за тоа дека се работи за планирано киднапирање, нити пак докажува дека леталото им припаѓа на вонземјани.