30 пати во еден ден и престанало срцето и ја враќале назад – медицинско чудо


Оваа мајка на три деца од Лондон била толку зафатена што немала време ни да јаде и да пие, ниту пак да и обрне внимание на болката која ја чувствувала во градите. Откако срцето престанало да и чука речиси 30 пати во рок од еден ден, таа решила да го промени својот живот.

Луси Кесиди има 34 години и е вистинско медицинско чудо, нејзиното тело успеало да преживее дури 29 срцеви удари во рок од само 24 часа. Тој несреќен ден Луси забележала присуство на некои симптоми, како болки во градниот кош, но не им обрнала големо внимание.1cudo.jpg500

– Многу сум среќна што воопшто сум жива, луѓето не можат да поверуваат кога им кажувам што ми се случи. Родив три сина едно по друго и се грижев единствено за тоа да бидам добра мајка. Грижејќи се за сите, заборавив да се погрижам за себе. Постојано трчав по децата и немав време ниту да јадам, ниту да пијам, се присетува Луси.

Таа вели дека со време почнала да чувствува проблеми со стомакот, а се појавила и болка во градите, но мислела дека сето тоа е заради доењето.

– Се разбудив среде ноќ со ненормална потреба за вода и потоа не се сеќавам на ништо. Ме разбуди плачот на моите деца. Доживеав вонтелесно искуство и го видов мојот партнер Џерард како ми дава вештачко дишење и ме моли да се вратам. И се вратив, раскажува Луси.cudo.jpg500

Кога стигнала брзата помош, таа била во толку лоша состојба, што морале да и даваат вештачко дишење во текот на целиот пат до болницата. Таму ја приклучиле на разни апарати, а потоа во ток од 24 часа нејзиното срце престанало да работи дури 29 пати, на секое враќање во живот.

За среќа, лекарите успеале да ја спасат и за три недели таа била пуштена да си оди дома кај своето семејство. Дијагностициран и бил редок синдром, кој се карактеризира со аритмија на срцето, заради што во неа сега е имплантиран дефибрилатор, кој ја стабилизира работата на нејзиното срце.

Од кога ова се случило, Луси во потполност го променила стилот на живеење. Оваа силна жена почнала редовно да вежба во терерана, па сега дури и учествува на фитнес натпреварувања.

– Срцевите удари за мене се истовремено најлошо и најдобро искуство кое можев некогаш да го имам. Бев толку уплашена, но преживеав и сега имам нова перспектива на животот. Бев на работ да изгубам сè, заради што сега сум многу похрабра и одлучна сум да се борам и да уживам во животот, заклучува Луси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1