Два земјотреси почувствувани синоќа во Охрид, Битола и Ресен


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, синоќа во 22 часот и 39 минути и во 22 часот и 41 минута, регистрира два земјотреси чии епицентри се наоѓаат во соседна Грција, околу 35 километри јужно од Битола.

zemjotres

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Охрид, Битола и Ресен со интензитет од четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1