Виничани- село во кое речиси секое семејство има трето дете


Расте наталитетот во селото Виничани во општина Градско. Овде скоро секое семејство има трето дете. Родителите велат дека не е тешко да се одгледуваат повеќе деца оти токму тие се радост во секој дом, пишува Сител.vinicani

Годинава за прв пат е забележан пораст кај запишаните првооделенци. За 27 проценти е зголемен бројот на првачиња во општина Градско.

Веќе неколку години, семејствата со трето дете добиваат родителски додаток од државата. Месечниот надомест изнесува 8.400 денари.

Надоместокот за трето дете се исплаќа во рок од 10 години во вкупен износ од околу 16 илјади евра.

Видео – Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1