Променливо време со сончеви периоди и локален дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, позастапен во јужните и источните делови од земјава.

Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти од 12 до 17, а највисоката дневна ќе се искачи само од 18 до 26 степена.dozd

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 а дневната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат. Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.

Утринските температури ќе се спуштаат до недела и понеделник наутро, а од вторник наутро температурата ќе биде се повисоки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1