Оживејаа мумиите од Помпеја (Фото)


Откако повеќе од 1.900 години биле погребани во пепел, жртвите на разорната ерупција на “Помпеја” оживеале благодарение на современата техника на снимање.

Археолозите во текот на минатата година внимателно ги реставрирале и снимале сочуваните тела на 86 Римјани, кои настрадале во ерупцијата на Везув на 24. август 79. година од нашата ера, а денес ги објавиле првите резултати и откриле што се наоѓа во внатрешноста на нивните тела.pompeja-vulkan-zrtvi-vezuv-04

Една од жртвите е момче на возраст од околу 4 години, а неговото тело било откриено покрај телата на возрасни маж и жена, веројатно негови родители, и едно помладо дете, за кое се претпоставува дека спиело во рацете на мајката.

На фотографиите е видлива и неговата облека, а CT снимката ни овозможува да го видиме и неговиот скелет.pompeja-vulkan-zrtvi-vezuv-02

Една од снимките многу потсетува на 3D снимка од трудница, и покажува дека детето ја стиснало устата од страв. На снимките, меѓу другото, се гледаат и рбетот, ребрата и карлицата на друга жртва, веројатно постар маж.pompeja-vulkan-zrtvi-vezuv-05

Со додавање на боја, која го имитира изгледот на мускулите и кожата, “оживеала и една глава”. Ваквите, по малку страшни снимки, помагаат да се истакнат забите на жртвата, која со празни очни шуплини и без нос делува застрашувачки.

Експертите кои работат на археолошкото наоѓалиште Помпеја, подготвуваат интересни експонати за изложбата со име “Помпеја и Европа”.pompeja-vulkan-zrtvi-vezuv-01

Низ текот на годините, многу жртви биле ставени во пластични вреќи за да останат во положбата во која биле пронајдени. Реставрацијата опфаќа внимателно отворање на вреќите во кои се наоѓаат телата.

Положбите на луѓето го откриваат начинот на кој умреле. На една фотографија се гледа како директорот на лабораторијата Стефано Ванкоре носи остатоци од мало дете во рацете, кое останало заробено под пепелта при ерупцијата на Везув.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1