Премиерот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека неговата борба за суверена Србија не им се допаѓа на многумина во странство.
– Разни странски служби ми ги одбројуваат деновите, станува збор за мојата глава, прават афери и шират разни приказни за тоа колку ми останало. А им пречи тоа што се борам за Србија и што ми е само таа важна. Што го почитувам Уставот на кој се заколнав – изјави Вучиќ за ТВ „Хепи“. Вучиќ рекол дека откако е формирана владата многу од различни мотиви и прични му ги „одбројуваат деновите“ и дека веднаш извадиле неверојатни приказни.
Како пример ги наведел случувањата во врска со минатогодишните поплави и додава дека постојат и такви кои намерно и смислено внесувале хаос и зборувале за стотици и илјадници мртви кои се палат во печка во Лазараевац, која во тој град и не постои.
Се лиферуваа приказни и за гаснење на медиуми, рекол Вучиќ и навел дека видел дека за многумина во светот всушност не била важна стабилноста, па ни премногу човекови права и слободи, „туку да се најде оружје за да се удри по владата на Србија“.
– Мојот грев е што од почеток не дозволив да удираат со невистини по владата – рекол тој и додал дека тогаш следувала хајка и кампања во врска со хеликоптер, каде секој ден нешто ново се измислувало.
– Потоа следуваше аферата „прислушување“ каде што уште никој не дошол да провери дали е прислушуван разговорот, затоа што знаат дека не е , па тргнаа во нов напад дека е рекетирана Лидија Удовички – вели Вучиќ.
Српскиот премиер додал и дека „многу му ги одбројуваат деновите по разни основи, колку бил тешко болен, кога ќе му се избере наследник“… и дека тоа го слуша веќе три-четири месеци.
На прашањето со кој си забележил, Вучиќ рекол дека тоа се некои луѓе и одделни странски служби затоа што ја штити слободата и независноста на Србија. Затоа што Србија денес не е вазална земја, затоа што има свое „јас“, затоа што знае да ги брани и штити своите интереси, знае да ги брани интересите на сопствениот народ и затоа што не сака да се занимава со туѓите, туку само со интересите на својот народ.
Си забележич затоа што, како што вели, никој не може да му наредува што треба да се направи во име на Србија.
– Но, пред сè, затоа што никој не сака да трпи силен лидер во една мала земја, која по нечии гледања мора многу работи да попушти и да попушта во иднина. Затоа е подобро тоа да биде некој слабак, некој поттрчко, кој ќе може да го сменат кога сакаат и како во куклен театар да му ги менуваат позициите – рекол Вучиќ.
Премиерот нагласил дека ќе се бори за својата земја колку може.
– Јас сум Србин што работи за Србија и не работи за никој друг – заклучил Вучиќ.