Пронајдени коски на убиени свештеници во шумата под Галичник


Остатоци од човечки тела, за кои се претпоставува дека припаѓаат на убиени свештеници, пронајдени се деновиве во тешко пристапна густа шума на локација над манастирот Свети Јован Бигорски, а под селото Галичник, пренесува Макфакс.

Се претпоставува дека станува збор за мошти на свештеници кои биле ликвидирани во 1918 година од страна на тогашните српски власти.  Моштите се откриени благодарени на 93-годишниот Зендел Ахмеди од селото Ростуше. Тој уште како дете, шетајќи се по падините на Бистра, забележал две распаднати тела во мантии и црковни ознаки. Неодамна, старецот одлучил оваа тајна да ја сподели со игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј.koski svestenici bigorski

Тој веднаш пратил монаси да го бараат местото, но не успеале да го најдат, бидејќи минало доста време и природата со своите дејствија ги покрила коските. Игуменот изгубил надеж дека моштите може да бидат пронајдени, сепак, монасите Пајсиј, Амвросиј и Нифонт одлучиле повторно да се обидат да ги пронајдат моштите.

Бигорските монаси тргнале во потрага рано утрото на 5-ти ноември. Прво отишле во Ростуше кај дедо Зендел, кој од својата куќа, којашто се наоѓа на самиот почеток од селото, им го покажал правецот кон пештерата, односно процепот каде што тој некогаш ги видел телата на свештениците. Монасите се упатиле кон местото наречено „Кај поповите“.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски потврди дека на 6-ти ноември во полициско одделени Ростуше еден од свештеници на манастирот Свети Јован Бигорски пријавил дека двајца монаси на 5-ти  ноември во попладневните часови на местото наречено „Кај поповите“ пронашле 30 најверојатно човечки коски, ги подигнале, ги ставиле во вреќа и ги однеле во манастирот ставајќи ги во посебна просторија.

„Направена е фотодокументација, а остатоците ќе се вештачат на Судска медицина, со цел да се утврди од кое време потекнуваат“, изјави Јосифоски.

Во наредните денови се очекува монасите да проверат во црковните книги, кои свештеници служувале во Галичник во 1918 година, со цел да бидат откриени имињата на погубените попови

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1