Француската полиција ги уапсила таткото и братот на еден од осомничените бомбаши самоубијци кои во петокот вечерта го извршија масакрот во париската концертна сала „Baltaclan“, пренесува агенцијата AFP.
Двајцата се приведени за разјаснување на околностите, рекле извори на агенцијата. Специјалците во нивните домови извршиле претрес, но нема официјални потврди за оваа акција.
Според соговорниците на телевизијата iTele, полицијата извршила претреси во областа на јужниот париски департман Об-е-Есон, и еден човек е уапсен во париското предградие Куркурон, во врска со 29-годишниот Французин осомничен за учество во масакрот во концертната сала „Bаcaltan“.
Според достапните информации, станува збор за роднини, татко и брат, на единствениот од прецизно идентификуваните напаѓачи од петокот навечер во француската престолнина, во чиј напад за време на концертот на американската рупа Eagles of Death Metal” беа убиени најмалку 112 претежно млади луѓе.
Како што претходно изјави парискиот главен обвинител Франсуа Моленс, осомничениот роден во 1985 година, бил постојани регистриран во полициските служби за различни кривични дела, како и за радикализам, но никогаш не било регистрирано негово приклонување кон радикалните исламсити.