Затоа службите не ги откриле? – Терористите се договарале преку видео игра од PlayStation 4


По страшните терористички напади во Париз во кои животите ги изгубија 127 лица, а 300 беа повредени француските власти прават обемна истрага како терористите испратени од ИСИС ги координирале акциите и плановите за масaкрот, а успеале да не бидат откриени од безбедносните служби. playstation_4_paris530x290_151115_112816

Во рација во Брисел каде се сомничи група на јатаци на терористите најсомнителен на истражните органи им е конзолата PlayStation 4 за која претпоставуваат дека може да се користела за комуникација бидејќи тајните служби тешко може да ги следат гласовните пораки.

Исто така во самите игри на внатрешниот чат може да се остават пораки кои тешко се пробиваат, па затоа властите ќе истражуваат на која мрежа комуницирале терористите.

ЦИА има ангажирано и агенти кои се прикриени на најголемите гејмерски франшизи како Warcraft и Call of Duty со цел да следат потенцијални закани од терористи.

Telefoni.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1