Синот на Никола Кљусев уапсен во Америка за „дистрибуирање наркотици“ – Продавал „хелекс“ на црно


Људмил Кљусев, психијатaр од Ферфилд, во американската сојузна држава Конетикат, уапсен е под обвинение за нелегална дистрибуција на лекови.

Како што објавува локалниот интернет весник Дејли Воис,  Кљусев е уапсен пред неколку дена, заедно со вработен во неговата ординација, Душан Босотов. kljusev

Инаку, Људмил Кљусев е син на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев.
Како што наведува весникот, Кљусев работел во приватна ординација во местото Милфорд, и тамошното обвинителство, освен за дистрибуирање на лекови против сите правила на лекарската пракса, го товари и за перење пари.

Според обвинението, 51- годишниот Кљусев, меѓу жителите познат и како „Д-р К“, препишувал огромен број рецепти за лековите Адерал и Ксанакс за кои пациентите му плаќале во кеш при посетите.

Соучесникот на Кљусев, 32- годишниот Босостов, обвинет за нелегална дистрибуција на лекови, е уапсен во неговиот дом во градот Клифтон во сојузната држава Њу Џерси, но по сослушувањето е пуштен со кауција од 200.000 долари, додека Кљусев останува во притвор.

Истрагата, во која се вклучени и заштитени сведоци и еден полицаец кој бил во улога на пациент, открила дека Кљусев препишувал лекови без целосен медицински преглед на пациентите, без потврда дека се неопходни за лекување на одредена здравствена состојба и во замена за готовина на лица за кои се вели дека биле зависници. Тој исто така им наредил на неговите вработени, кои не се медицински лица, вклучувајќи го и Босотов, да издаваат рецепти потпишани од него, во негово отсуство.

Како што пишува весникот, лекарот потоа парите што ги добивал во кеш ги користел за незаконски активности преку деловната сметка, од кои ги плаќал приватните трошоци, како кредит, патувања во странство, облека.

Кљусев и Босотов се обвинети за заговор за дистрибуција и за поседување на лекови со намера за дистрибуција, дело за кое е предвидена казна затвор до 20 години. Кљусев исто така е обвинет и з аперење пари, дело за кое е предвидена максимална казна затвор од 10 години.

Тој ова дело не го признал и тврдел дека е „жртва на културна дискриминација“.

Људмил Кљусев е син на Никола Кљусев, академик и прв премиер на независна Македонија.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1