Путин: Терористите во Сирија се финансираат од 40 држави, а некои се и во Г-20


Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека финансирањето на терористите во Сирија доаѓа од 40 држави, вклучувајќи и земји од Г-20, пренесе ТАСС.

-Утврдивме дека финансирањето доаѓа од 40 земји, а меѓу нив и некои што се во Г-20. Ја разгледавме неопходноста од исполнување на соодветната резолуција на Советот за безбедност на ОН, донесена на иницијатива на Русија за спречување на финансирањето на тероризмот и пресекување на незаконската трговија со уметнички предмети, кои терористите ги ограбуваат од заземените територии, рекол Путин и прецизирал дека оваа тема била покрената на самитот на Г-20 во Анталија.putin2-300x225

Тој информирал дека со своите колеги од Г-20 ги споделил сознанијата за каналите за финансирање на тероризмот и изрази надеж дека таа соработка ќе продолжи.

Путин посебно забележал дека е неопходно на терористите да им се пресече незаконската продажба на нафта и нафтени деривати.

Рускиот претседател додал дека и натаму смета дека е можно создавање меѓународна антитерористичка коалиција и подвлече дека таа не само што е можна, туку е и неопходна.

-Русија е подготвена со воздушните напади да ги поддржи напорите на сириската опозиција во борбата против Исламска држава и тоа може да послужи како основа за идното политичко решение на кризата, изјавил Путин.

Тој ги повикал другите земји да го сторат истото.

-Многу ни е важна поддршката на САД, европските земји, Саудиска Арабија, Турција и Иран, рекол тој.

Путин изразил увереност дека борбата против ИД во моментов е поголем приоритет од политичките реформи во Сирија.

-Прво што треба да направиме е да ги обединиме нашите напори во борбата со теророт и терористичките организации и на оваа основа да се договараме за политичките промени, рекол тој.

Путин побарал да не се прават обиди да се оценува која земја поефикасно се бори против ИД.

-Главното сега е да ги обединиме нашите напори во борбата со заедничката закана, додал тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1