Надвор од животна опасност се 6-годишното дете и мајката што го фрли


Здравствената состојба на шестгодишното дете, кое се здоби со скршеница на черепот откако утрово мајка му го фрли од тераса на висококатницата во која живееле во скопски Хиподром, е постабилна, но се уште неизвесна

Мајката и детето се хоспитализирани на КАРИЛ. Шестгодишното момче има фрактура на черепот, а жената скршеници на ребрата. Од брзата помош велат дека нивната реакција била брза..zgrada hipodrom

„Детето е во свесна состојба пренесено во Ургентниот центар мајката исто е пренесена во ургентниот центар и се надеваме дека исходот ќе биде добар“, вели Анита Димоска, Брза помош.

Според неофицијални извори од скопскиот клинички центар, детето е свесно и контактибилно, но мора да минат 72 часа за лекарите да се уверат дека состојбата на детето дефинитивно е подобрена и нема да има никакви компликации.

Мајката има посериозни повреди, сериска фрактура на ребра и ставена е на механичка вентилација, велат болнички извори. Таа се уште се наоѓа на одделот за интензивно лекување како критично болен.

Мајка го фрлила својот 6 -годишен син од четвртиот кат, а потоа таа самата скокнала. 37-годишната жена излегла на тераса држејќи го детето в раце и заканувајќи се дека е сериозна во намерата. Сопругот и соседите се обиделе да ја премислат, но безуспешно. Мајката го фрлила детето. Среќна околност е што падот бил ублажен од жици за сушење алишта, соседите го придржале и и го предале на брзата помош.  Драмата продолжила.  Додека полицијата и пожарникарите подготвувале заштитен балон, мајката се фрлила и паднала на плочникот.

Спред првата детска амбасада „Меѓаши“ мајката во моментот не била при свест и немала никаков контакт со реалноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1