Предлогот за укинување на радикализираните џамии во Франција е биде наскоро предаден на разгледување во владата, најави министерот за внатрешни работи Бернар Казнев, по смртоносните напади од петокот вечерта и прогласувањето на вонредна состојба во земјата.
„Вонредната состојба е желба да.. цврсто и решително да се пристапи кон протерување на оние кои треба да бидат протерани бидејќи проповедаат омраза во Франција, независно од тоа дали учествувале или се осомничени за учество во активности со терористички обележја“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев во неделата вечерта во интервју за телевизијата France2.
Во изјава за Франс-2 тој рече дека ќе треба да бидат екстрадирани луѓе кои во Франција проповедаат омраза, кои учествувале или има сомненија дека учествуваат во терористички активности.
– Ќе разговараме во Минстерскиот совет за можноста да затвориме џамии во кои се проповеда омраза, изјави Казнев. Тој вели дека уште пред нападите од петокот биле зголемени средствата за службите за разузнавање – 1.500 нови работни места и речиси 220 милиони евра инвестиции.
„Тоа значи, а веќе во таа насока дадов упатства и за тоа ќе се дискутира во владата, и укинување на џамиите во коишто поединци шират омраза или повикуваат на неа. Сето тоа треба да се спроведе крајно решително“, истакна Казнев, предупредувајќи дека непоколебливо ќе се спроведуваат сите мерки коишто ги предвидува вонредната состојба, од ставање на поединци во домашен притвор до претреси на станови и куќи.