Ѓорчев: Спречивме ослободување на убијци, силувачи, дилери и педофили со амнестијата на СДСМ


Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, Занонот за амнестија е најскандалозен предлог до сега. Вели дека за него гласале сите пратеници од СДСМ, а целта е да добијат политички поени и неколку гласа повеќе на изборите.gjorcev-500

-Законот за амнестија е дефинитивно еден од најскандалозните предлози кој дошол во Парламентот овие 25 години, а за кој гласаа сите пратеници на СДСМ присутни во собраниската сала. Ако поминеше овој Закон, тоа ќе значеше моментално ослободување на 27 луѓе осудени за убиство, од кои можеби 10 или 20 посто евентуално ќе го повторат делото, 29 слувачи, 14 педофили, луѓе што извршиле обљуба на дете помало од 14 години, 6 лица осудени за обљуба врз немоќно лице, 391 дилер ќе излезеше на улица од кои што повеќе од половината ќе го повтореа делото и ќе имавме дрога која ќе се продаваше во речиси сите општини во Македонија, во сите скопски населби и поголемите градови. 1600 лица беа покриени со оваа амнестија кои што се осудени за тешки кражби, значи ќе имавме многу поголема небезбедност на огромен број на домови во Македонија, станови, куќи, дуќани, продавници, значи еден страшен и скандалозен предлог кој ќе го урнисаше правниот, судскиот систем во Р.М. и јавната безбедност. Тоа е Закон директно насочен против безбедноста на 2 милиони граѓани, истакна Ѓорчев во вестите на Сител.

Тој нагласи дека нема ниту една држава каде е понудена ваква амнестија.

– Овој Закон буквално ќе ја девастираше безбедноста на граѓаните.

Погледнете го целото видео.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1