Чарли Шин: Хив позитивен сум и многумина ме уценуваа – веќе нема да плаќам милиони


Чарли Шин даде директна изјава: „Дојдов тука да откријам дека сум ХИВ позитивен“ и пркосно додаде дека повеќе нема да им дава милиони долари на пријателите за да го купи нивното молчење.charlieSheen_1614083c

Познатиот актер од серијата „Два ипол мажи“, изјавил дека 4 години знаел дека е ХИВ позитивен и дека на неколку луѓе им ја признал вистината за која подоцна бил уценуван да не се открие.

Шин искрено прозборе и за моментот кога дознал за дијагнозата, велејќи дека помислил како има тумор на мозокот.

Што се однесува на заразувањето на останатите, Шин изјави дека ги предупредил сите негови сексуални партнерки на време и дека само со две од нив имал незаштитен секс, но тие биле „под грижа на неговиот доктор“.

Актерот додал дека не знае како се заразил, но дека чувствува „одговорност да се подобри и да им помогне на другите“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1