Сакате да отворите градинка или старачки дом – Владата дели пари


Владата оддели 10.000 евра субвенции за градба на приватни градинки и 12. 500 евра за градба на приватни домови за стари лица.

Оваа мерка подразбира дека секој оној кој што сака да гради приватна градника или дом за стари лица ќе има можност да ги користи субвенциите кои ги нуди Владата.gradinka deca

-Освен што градиме многу нови државни градинки, освен тоа што започнуваме подготовка за дуплирање на капацитетот на пензионерски домови, но за лица кои што се со пониски  пензии и чии што пензии не се доволни за да можат да платат приватни домови за стари лица, даваме и субвенции за градба на приватни градинки и  старски домови. Субвенциите изнесуваат 10 илјади вера за градба на градинка и 12, 5 илјади евра за градба на старски дом, подвлече премиерот Никола Груевски, кој денеска беше во посета на село Бардовци и населба Злокуќани.

Премиерот истакна дека со оваа мерка се очекува да се вработат околу 100 лица и да се обезбеди капацитет за околу 400 деца во приватни градинки и капацитет за околу 400 лица за во приватните старски домови.

-Внимаваме кога станува збор за пензионерските домови тоа што го гради државата да не бидат конкуренција на приватните инвеститори, заклучи Груевски.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1