СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К.(23) и С.А.(28), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 29.10.2015 година, околу 17,40 часот, на магистралниот пат Битола во близина тунелот, додека В.А.(48) од Битола седел во своето товарно возило му пришла второпријавената нудејќи му сексуални услуги, а откако ја одбил, дошол првопријавениот и со метален предмет се обидел да го нападне одземајќи му 10.500 денари.