Заврши заложничката драма во хотелот „Радисон блу“ во главниот град на Мали, Бамако.
Групата борци кои речиси цел ден држеа околу 170 луѓе се дел од екстремистичката група Ансар ал Дин, јавуваат локалните медиуми.
По десетчасовна драма во хотелот Радисон блу во главниот град на Мали, Батако, заврши заложничката криза, во која најмалку тројца вооружени напаѓачи држеа 170 заложници.
Претставници на ОН соопштија дека мировните сили на светската организација пронашле 27 тела во хотелот, иако пребарувањето се уште трае.
Според досегашните информации, убиени се најмалку тројца од напаѓачите, но се уште не се знае колкумина биле. Приврзаниците на група Ел Мурабитун, поврзани со АЛ Каида, преку Твитер ја презедоа одговорноста за денешниот напад на хотелот.
Француското министерство за одбрана соопшти дека на спасувачката операција се приклучиле и француските и американските специјални сили, при што заложниците биле ослободувани еден по еден. Заложничката драма започнала рано утрото во 7 часот, кога во хотелот имало 124 гости, главно странци и персоналот.