Од вечерва МВР ги зајакна мерките за безбедност на одредени објекти или места . Од полицијата за Телма изјавија дека се постапува согласно планот за зајакнати мерки и активности во градското подрачје на СВР Скопје и се постапува по истиот . Поради ваквата одлука забележително е поголемо присуство на полициски службеници.
Оваа мерка уследи по неодамнешните бомбашки напади во Париз во кои загинаа 127 лица и по терористичкиот напад во Сараево во кој беа убиени двајца војници.