Анонимуси денеска со видео порака објавија дека се во војна со терористите во Босна и Херцеговина.
Еден од нив рече дека во интервју за порталот Независне ќе разоткрие се.
Досега на нивниот фејсбук се објавени четири дела од податоците со порака:„Почнуваме да објавуваме податоци од дата база за личности поврзани со тероризам во БиХ, а кои босанските служби ги кријат од јавноста и другите полиции и институции во Европа. Податоците ќе ги објавуваме на секои неколку часа во продолженија“.
До сега се објавени податоци за блиску 80 луѓе.
На основа на фотографиите може да се претпостави дека Анонимјуси влегле во базата на Агенцијата за идентификациони документи, евиденција и размне на податоци на БиХ.
Податоците со фотографиите за секој од нив се објавени на порталот Независни новини од Бања Лука.