Турската војска соопшти дека на руските воени аташеа им објаснила зошто е соборен рускиот авион, како и оти е подготвена каква било соработка со Москва.
Во соопштението се наведува дека на руските воени аташеа синоќа им е објаснето дека „сухој Су – 24“ е соборен бидејќи не реагирал на предупредувањата.
Се наведува и дека се вложени големи напори да се пронајде и спаси пилотот.
Турската војска истакна дека ги повикале и воените претставници во Москва и оти е изразена подготвеност „за секој вид соработка“.