Викендов го обележа концертот на Тамара. Се пишуваше за убавите впечатоци, за атмосферата, за големиот успех на идната мајка. Но, и покрај тоа, во публиката фалеа две лица. Нејзиниот сопруг и нејзината некогаш најдобра другарка.
„Готово е, ова е крај на филмот ништо или сѐ“, Тамара не можеше да ги задржи солзите токму на оваа песна.
„Вечер“ објави неколку верзии на чаршиските муабети околу тоа – зошто солзи на песнава, зошто ја немаше Кики, каде беше Мачка…
Пред големиот настан имаше обид да се пушти и некој лош глас дека Тамара и најдобрата другарка Катарина Ивановска се скарани и дека со Мачка не е во добри односи, но пејачката во Вечер ги демантирала гласините.
Три дена подоцна – ладен туш.
Елена Ристеска, Каролина, Дарко Илиевски, Ај Кју, Даниел Дан, Весна Петрушевска – Бејбе, Лила, Боки 13… се само дел од познатите кои уживаа на концертот на Тамара. “Најдобрата” другарка, манекенката Катарина Ивановска, наводно, поради обврски и патување надвор од земјава не можела да се појави на музичкиот спектакл.
Но, Инстаграм друго кажува. Обврската на Кики, која не пропушташе настап, а камо ли концерт на најверната другарка Тамара, беше концертот на Мадона во Барселона, кој се одржа пред концертот на Тамара. Кики беше на Мадона и објави видео. Исто како што на времето објавуваше видеа и фотки од концертите на Тамара.
Ако треба и ќе потсетиме дека Кики не објави ниту една најава за концертот на Тамара, нешто што не пропушташе да го стори тогаш – кога беа другарки.
Изгледа чаршијата многу зборува, но глупости не кажува.
Во оптек се неколку „теории на заговор” за крајот на големата другарска љубов.
Едната вели дека Кики и Тамара ја спукале за пари. Изгледа големи пари се во прашање, зашто за ситно другарка не се остава.
Другата теорија, пак, има две чаршиски верзии. За двете е заедничко дека близината им ги разгорела страстите на бившите љубовници, па ја обновиле романсата. Според едната, Тамара ги фатила на дело Мачка и Кики, а според другата фатила сочна преписка. Двете завршуваат исто – Тамара и Мачка се разведуваат!
Повеќе во Вечер